МВР со детали за убиството на докторот од Скопје: Бил пронајден во сопственото возило со убодни рани

256

МВР ги соопшти детали за убиството на лекарот во Скопје.

– На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје.

-Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестШОК го потресе Скопје утринава: Убиен матичен лекар со нож, јави Скопје инфо
Следна вестКој и зошто вчера вечерта со 9 убоди од нож го уби матичниот доктор во скопска Железара