Голем пожар во Македонија, делува кон два града

Пожарот во месноста „Дорутовец“ во велешко, по дејството на противпожарните авиони „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и по ангажманот на пожарникарите од ТППЕ Велес, месното население од селото Чалошево и екипа со цистерна од ЈП „Дервен“, е ставен под поголема контрола.

Од ДЗС информираат дека опасноста е намалена, но пожарот се проширил во правец на патниот правец Велес – Штип.

Поради чадот кој ветерот го носи кон автопатот, Главниот штаб за управување со кризи побарал поддршка од Министерството за внатрешни работи за регулирање на сообраќајот доколку тоа биде потребно.

Состојбата на теренот континуирано се следи од Главниот штаб за управување со кризи, во координација со сите екипи кои се вклучени во гаснењето.

Во меѓувреме, во државата продолжуваат и други пожари на отворен простор. Според информациите од Центарот за управување со кризи, до 18 часот биле регистрирани девет пожари, од кои четири се активни, додека пет се целосно изгаснати.

Претходна вестНема назад: Во Италија повеќе не важат македонските возачки дозволи
Следна вестСопругата и 15-годишната ќерка на познат политичар се удавија на плажа, 7-годишно дете се бори за живот