ИНФО од акцијата: Советник во општина Шуто Оризари е еден од уапсените во денешната полициска акција

360

Севдаир Азири советник во општина Шуто Оризари од редовите на Алијанса за Албанците е меѓу уапсените во денешната полициска акција, наводно како член на криминалната група Грчец, информира Фокус.мк

Информацијата се уште не е официјално потврдена, но Фокус ја потврди од три независни неофицијални извори.

Како што утрово беше објавено, полициски екипи вршеа претреси и приведуваа членови на криминална група од скопското село Грчец.

Станува збор за полициска акција насочена кон членови на криминален клан од Грчец, поврзан со трговија со дрога и убиства.

Претреси се прават во Грчец, Дуќанџик и Чаир, како и на други локации.

Целиот текст на ФОКУС – клик ТУКА

Бонус видео: Манастир бил реновиран и направен ресторан за свадби – невестата и младоженецот првата брачна ноќ ја поминаа во болница.

Претходна вестМакедонија останува без премиер, Ковачевски поднесе оставка – што значи тоа?
Следна вестСпасовски: Криминална група набавувала кокаин од Латинска Америка, а вршела и убиства во Скопје – уапсени се 7 лица