Затоа сите го сакаа Зоки: Иако се бореше со опасната болест, на неговото лице секогаш имаше – НАСМЕВКА

4309

Утрово веста која ја растражи цела Македонија, почина новинарот Зоран Василевски – Фаци. Храбриот Зоки не успеа да ја добие најважната битка, онаа против опаката болест – ракот.

Зоки Фаци и неговата кариера, но и живот, го следат многу подеми и падови, многу познати, но и многу непознати настани. Сепак, едно по кое сите ќе го паметат Зоки е неговата позитива, неговата насмевка и неговата харизма. Знаеше да ги насмее буквално сите, во било каков момент – токму затоа и сите го сакаа.

Во последните неколку месеци, ракот забрзано растеше, поради што беше потребна итна операција. Откако во Македонија неколкупати добиваше информација дека операцијата ќе биде ризична, Зоки заедно со неговите најблиски се одлучи да направи операција во Турција. Замина и таму, неколку денови беше на серија испитувања и проценки, за тоа кога е најдобро да се направи операцијата, која за жал, никогаш не се направи.

Последните моменти од својот живот ги помина со најблиските. Често знаеше да каже дека во животот имал голем круг на луѓе, многу пријатели, кои се покажале и дека не се вистински, но и неколкумина кои вистински биле тука за него, во секое време. До последен миг, знаеше да сподели некоја фотографија со нив на социјалните мрежи.

Понекогаш објавуваше фотографии и од количка која му помагаше при движење, насмевката на неговото лице секогаш беше присутна, по тоа сите ќе те паметиме…

Почивај во мир, Зоран Василевски – Фаци.

Претходна вестУтрово почина Зоран Василевски – Фаци
Следна вестЛазаров соопшти кога и каде ќе биде погребот на Зоки