Новинарот Зоран Василевски-Фаци почина утрово.
Познатиот шоумен, последните години боледуваше од рак, а требаше да има и операција, која неколкупати беше откажувана поради ризичноста. Утрово, во 06:40 часот починал, информираше неговиот близок соработник и другар, Стефан Лазаров.
-За жал ова утро во 6:40 почина Зоран Василевски. По долга борба со ракот тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите. Сочувство до фамилијата и блиските. Погребот ќе биде утре, а каде и кога ќе ве известам. Те сакам пријателе, секогаш ќе се сеќавам на тебе и на твојата насмевка. Многу ќе ми фалиш, напиша Лазаров.