Колку лош ден за Македонија: Сите очекуваа дожд – а потоа удар од гром предизвика пожар

Пожар предизвикан од удар на гром избувна во близина на селото Црник во Општина Пехчево, само еден час по појавата на големиот пожар во делчевскиот регион.

Огнот избувнал на локацијата КП 3279, К.О. Црник, по што за кратко време почнал брзо да се шири и да зафаќа борова шума.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека веднаш биле преземени мерки, а противпожарните авиони „ертрактор“, кои претходно интервенираа кај пожарот во Бигла, биле пренасочени кон Пехчево.

„Пред малку ми јавија за голем пожар во борова шума, блиску до границата со Бугарија, на територијата на Општина Пехчево. Градоначалникот Китановски веќе е на местото на пожарот. Ги пренасочив ер-тракторите кон овој нов шумски пожар. Ќе се обидеме веднаш да му зададеме почетен удар“, изјави Ангелов.

Благодарение на неколкуте прецизни исфрлања на вода од воздухопловите и брзата интервенција на пожарникарите на терен, пожарот по неколку часа бил ставен под контрола.

Малешевскиот регион и претходно беше погоден од катастрофални пожари, поради што секој нов пожар предизвикува сериозна загриженост кај локалното население и надлежните служби.

Претходна вестЗапочна невремето во Македонија – еве каде моментално има нестабилност
Следна вест(ВИДЕО) Додека половина држава се бори со пожар – страшно невреме проследено со град во овој македонски град