Возило излета од патот – има повредени

2252

Возило во кое се превезувале возач и сопатник попладнево излета од улицата „Панче Караѓозов“ во Штип, по што заврши превртено во двор од една од куќите.

Според очевидци возачот на автомобилот се обидел да избегне и да не удри во жена која сакала да ја премине улицата, по што нагло свртел и изгубил контрола над возилото.

Автомобилот излетал од коловозот и завршил превртен на кров во дворот од куќата.

Возачот и совозачот по несреќата биле пренесени во Клиничката болница во Штип, а според жителите од улицата, тие се наоѓаат во добра здравствена состојба.

Причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат од страна на истражните органи.

Претходна вестЕдинствениот вработен пилот за гаснење пожари си замина од Македонија
Следна вестОткриени нови детали за камионот кој ја предизвика смртоносната трагедија на скопската обиколница