Најавите се остварија – голем удар за авио одлението на ДЗС
Најмладиот пилот на македонските Ер Трактори и до неодаман единствен редовно вработен, Метотка Стојанов замина во Луксембург.
Тој се приклучи на приватната компанија Aquarius aff во Луксембург. Станува збор за релативно нова специјализирана авио компанија, формирана пред нецели три години.
Поседува 8 противпожарни авиони Ер Трактор, AT-802, од кои дел и двоседи. Според јавно достапните информации бројот на авиони треба да се искачи наскоро на 12.
Компанијата ги поседува сите услови, вклучувајќи најмодерен симулатор за овие авиони, тренинг центар, логистички центар со техничари, механичари. И најважно голем број пилоти од цела Европа, од кои дел и инструктори.
Па така нашиот Метотка неспорно ќе има феноменални услови за развиток и надградба на неговата кариера, а исто така и одлични финансиски услови. Му посакуваме многу среќа во кариерата и едно БЛАГОДАРАМ за се што направи досега.
Инаку кога сме кај оваа компанија, истата веќе беше ангажирана од Турција и Шпанија минатото лето од тамошните власти, но не се јавно достапни информациите под кои услови и за кои пари. Овој текст е надополнување на вчерашниот за Град Мостар кој изнајми два авиони од хрватска приватна компанија.
Па така ова во последните години станува сериозен бизнис во Европа со оглед на тоа што веќе во држави како Австралија и некои од Јужна Америка веќе е вообичаено.
Преземено од – СЕ МОЛИМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА




