Почина Биљана – зад себе остави две деца, голема тага на балканската естрада

Српската диригентка, текстописец и гласовна актерка Биљана Брун почина, а веста за нејзината смрт длабоко ги потресе нејзините пријатели, колеги и бројните почитувачи.

Брун со години беше диригентка на детскиот хор што го водеше заедно со Леонтина Вукомановиќ, оставајќи силен белег во музичкото образование и детското творештво. Со својата работа придонесе во растењето и музичкиот развој на многу генерации деца.

Покрај диригирањето, Биљана Брун беше активна и како гласовна актерка, а од 2016 година пишуваше текстови за песни во синхронизирани анимирани филмови на „Дизни“.

Таа беше мајка на две деца, Никола и Ива Брун, кои исто така се занимаваат со гласовна глума.

Нејзината долгогодишна пријателка Леонтина Вукомановиќ преку социјалните мрежи ги извести пријателите и почитувачите дека опелото и простувањето ќе се одржат во среда, 5 август, во 9 часот, во капелата за кремација на Новите гробишта.

Од Биљана Брун со емотивни зборови се прости и водителката Весна Дедиќ, која истакна дека таа, заедно со Леонтина, имала големо влијание врз музичкото растење на нејзината ќерка Ленка.

Претходна вестКонечно врнежи од дожд во Македонија – еве и точно кога
Следна вест(ВИДЕО) Вечерва изби нов голем пожар во Македонија