Телото на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, наводно се наоѓа под урнатините по силните напади врз Техеран, додека официјален Иран засега не излегува со потврда или демант за неговата судбина.
Според информации што ги пренесуваат повеќе странски медиуми, израелски извори тврдат дека постојат индиции оти Хамнеи можеби загинал за време на заедничките напади насочени кон клучни државни и воени објекти. Сепак, овие наводи засега не се независно потврдени, а иранските власти молчат или испраќаат контрадикторни пораки за неговата состојба.
Сателитски снимки покажуваат сериозни оштетувања на комплексот каде што се наоѓа резиденцијата на врховниот лидер, што дополнително ги засили шпекулациите за можни жртви меѓу највисокото раководство на земјата.
Во меѓувреме, ситуацијата на Блискиот Исток останува крајно напната, со размена на закани и стравувања од поширока регионална ескалација, додека меѓународната заедница повикува на итна деескалација.
Израелскиот премиер Нетанјаху изјави дека врховниот лидер на Иран, Хамнеи, е убиен.
„Хамнеи е мртов и сите знаци укажуваат на тоа“, изјави Нетанјаху.
Покрај Хамнеи, во различни напади утрово на израелските воено воздушни сили врз три различни бункери за време на состаноци во Техеран убиени се уште 30 други високо рангирани службеници, министри, генерали, советници на Хамнеи, како и членови на семејството на Хамнеи.




