Во Кочани никој не спиеше: Голем број граѓани се собраа пред дискотеката „Пулс“

770

Денеска се одбележува една година од трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. кабаре „Пулс“ загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Болката и сеќавањето на настанот кој го потресе Кочани и целата држава, утрово во тишина одекнаа во градот, каде рано утрово се одржа собир во спомен на настраданите во трагедијата.

Собирот, организиран од Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани, започна симболично во 2:15 часот пред објектот каде се наоѓаше т.н. кабаре „Пулс“.

Во 2:32 часот со свеќи во рацете и со една минута молк, собраните родители и граѓани им оддадоа почит на загинатите во страшниот пожар.

„Нека светлината сведочи да не заборавиме. Нека тишината звборува за љубовта што останува“, порачаа од Здружението „16 март 2025 Кочани“.

Претходна вестХаос вечерва во Тетово: Огромен број полиција на терен
Следна вестЗа Велигден 2026 година околу 10 неработни денови – денови за одмор