(ВИДЕО) Една година од исчезнувањето на Самоил Костадиновски – неговиот татко верува дека е мртов

186

Помина година дена од исчезнувањето на Самоил, неговиот татко Љупчо Костадиновски денеска, во изјава за Тв24, изрази силни сомнежи дека неговиот син е мртов, но се надева дека истрагата ќе ги даде сите детали иако изрази незадоволство од домашните институции.

Костадиновски вели дека повеќе нема никаква доверба во институциите и во системот, бидејќи никој не успеал да ја разреши мистеријата околу исчезнувањето на неговиот син.

Костадиновски како една од можните причини за киднапирањето ја наведе високата сума на пари што ја имал неговиот син откако продал автомобил.

Инаку за овој случај две лица се обвинети за грабнување , утре е закажано рочиште во Кривичниот суд на за што се очекуваат и завршните зборови околу овој предмет.

претходниот член,Нова вест ја потресе цела Македонија: Малолетна скопјанка исчезна заедно со нејзиното бебе
Следната статијаСе е јасно: Полицијата во Австрија започна потрага по две Романки – оние кои беа со девојчето за кое се мисли дека е Данка