Градоначалникот на Бутел соопшти среќна вест: Тројката пристигна – двајца внуци и една внука

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, на социјалните мрежи сподели радосна семејна вест, откривајќи дека неговиот брат и снаата добиле тројка.

Во својата објава, Костовски напиша дека семејството станало побогато за двајца внуци и една внука, изразувајќи голема благодарност и восхит кон снаата за, како што наведува, нејзината храброст.

„Вечерва Господ ми подари три внучиња – двајца јунаци и една принцеза. Брат ми доби тројка, на снаата ѝ се поклонувам за храброста“, напиша Костовски.

Тој упати благодарност и до медицинскиот тим на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, предводен од д-р Весна Чибишева, за грижата и професионалноста при породувањето.

Објавата ја заврши со порака исполнета со вера и благодарност:

„Живи, здрави и со Господ! Христос е сè! Слава на Господ!“

Радосната вест предизвика бројни честитки и пораки со желби за здравје и среќа за новороденчињата и нивното семејство.

Претходна вестТешко повредени сопружници во сообраќајна несреќа