Според првичните информации, во нивниот автомобил удрило друго возило кое преминало во спротивната сообраќајна лента.
Повредените сопружници, кои се на возраст од околу четириесет години, по несреќата биле згрижени од екипа на Итната медицинска помош од Домот за здравје во Прокупље.
Маж и жена се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила во селото Џигољ кај Прокупље, соседна Србија.
Тие имале повреди во пределот на главата и вратот, по што биле транспортирани на Одделението за ургентна медицина во Општата болница во Прокупље, каде што се вршат дополнителни медицински прегледи и дијагностика.
Надлежните служби работат на утврдување на сите околности под кои се случила несреќата.




