(ВИДЕО) Цел свет ќе зборува за овој ракометен натпревар во Македонија: Си даваа авто-голови за да загубат

1471

Скандалозна сцена беше забележана денес во натпреварот од ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција помеѓу Скопје и Гевгелија.

Последните пет минути од овој натпревар се вистински пример како не треба да се однесуваат едни спортисти на теренот. Двете екипи во тој период си постигнуваа автоголови и намерно не постигнуваа голови на противничката страна.

Збунети од ситуацијата беа и судиите на средбата кои го прекинаа натпреварот, меѓутоа по консултации со записничката маса истата продолжи.

Засега не може да се каже која е причината на ваквиот срамен однос кон спортот на ракометарките на двете екипи. Средбата на крајот заврши со победа на гостинската екипа од 17-16.

Претходна вестНОВИ ДЕТАЛИ: Обид за изнуда на пари од семејството на исчезнатата Лидија (ФОТО)
Следна вестИ банкарот и Лила во шок од она што го кажа гостинката во емисијата – Македонијо, што ти се случува?!