Услови за врнежи од снег – еве во кои делови од Македонија

160

Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.

Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.

За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување на слаб снег. Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури.

Претходна вестДоаѓа уште еден продолжен викенд – испланирајте го на време
Следна вестСтраотна сообраќајна несреќа во Македонија – возачот загина на лице место