Доаѓа уште еден продолжен викенд – испланирајте го на време

123

Следен неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд.

Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори.

За сите граѓани на РСМ: Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани:

1 јануари (четврток) – Нова Година

7 јануари (среда) – Божиќ, првиот ден на Божиќ

20 март (петок) – Рамазан Бајрам (Продолжен викенд)

13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден (Продолжен викенд)

1 мај (петок) – Ден на трудот (Продолжен викенд)

25 мај (понеделник) – Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај е во недела) (Продолжен викенд)

3 август (понеделник) – Ден на Републиката (бидејќи 2 август е во недела) (Продолжен викенд)

8 септември (вторник) – Ден на независноста

12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание (бидејќи 11 октомври е во недела) (Продолжен викенд)

23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба (Продолжен викенд)

8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски

Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди:

Претходна вестВонредна состојба на аеродромот во Софија: Се споменуваат САД и Иран
Следна вестУслови за врнежи од снег – еве во кои делови од Македонија