Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) објави најнова радарска мапа која покажува дека невремето веќе зафати делови од Македонија.
Според информациите, нестабилни облачни маси проследени со пороен дожд, засилен ветер и грмежи се регистрирани во Струмица, источно од Берово, како и во југозападниот дел од Кичевскиот регион.
Метеоролозите предупредуваат дека во наредните часови нестабилноста локално може да се интензивира, при што се можни пообилни врнежи, почести електрични празнења и засилен ветер.
Граѓаните се повикуваат на внимателност, особено во подрачјата кои се директно зафатени од невремето.
Според прогнозите, вакви нестабилни процеси ќе има и во други делови од земјата, а состојбата ќе се следи во текот на вечерта преку новите радарски и сателитски анализи на УХМР.





