Тажната вест се прошири пред малку: Почина газдарицата на еднa од најпознатите туристички агенции во Македонија

Со длабока тага и неизмерна болка ве известуваме дека нè напушти нашата директорка Весна Филипова, сопственичка и основач на една од првите туристички агенции во Македонија – „Весна Турс“.

Нејзината посветеност, човечност и љубов кон работата ќе останат засекогаш во нашите срца.

Последна почит ќе ѝ биде оддадена во петок, 04.09.2026 година, на Градските гробишта во Кочани, капела од 12:00 до 14:00 часот.

Почивај во мир, Весна. Твојата трага и твоето дело ќе живеат засекогаш. 🕊️

Туристичката агенција Весна-Турс е формирана во 1992 година, со седиште во Кочани, а во 2004 година е отворена деловна единица во Скопје.

ПОЧИНА НА СВОЈОТ РОДЕНДЕН

Тажната вест доаѓа токму на денот на нејзиниот роденден.

– Весна Филипова, сопственичка на ТА „Весна Турс“, по кратко боледување, на нејзиниот роденден се откажа од животот. Бог да ја прости. Сочувство до семејството, стои во објава на социјалните мрежи.

Претходна вестТрагична сообраќајка со смртни последици синоќа во Македонија