Авион кој требаше да слета во Скопје – итно пренасочен поради невремето

Авион на швајцарската авиокомпанија „Еделвајс“, кој вечерва полета од Цирих кон Скопје, не успеа да слета на Меѓународниот аеродром Скопје поради силното невреме што го зафати главниот град.

Според информациите, летот кој полетал во 18:00 часот од Цирих требало да пристигне во Скопје околу 20:00 часот. По околу 20 минути кружење над скопскиот аеродром, пилотот, поради неповолните временски услови, донел одлука авионот да биде пренасочен и безбедно да слета на аеродромот во Приштина.

Поголемиот дел од патниците во авионот се македонски државјани.

Пренасочувањето на летот е вообичаена безбедносна процедура во случаи кога временските услови не дозволуваат безбедно слетување на предвидената дестинација.

Претходна вестТажната вест се прошири пред малку: Почина газдарицата на еднa од најпознатите туристички агенции во Македонија
Следна вестТрагедија во Македонија: Маж и жена пронајдени мртви во стан