ТРОЈЦА ТЕТОВЦИ ЈА НАПАДНАЛЕ СНААТА Таа ги пријавила, полицијата ги привела

229

Т. Б. ги пријавила тројцата напаѓачи во СВР-Тетово дека околу 19 часот физички ја нападнале во дворот на нејзината семејна куќа.

Тројца тетовци се лишени од слобода синоќа зашто биле пријавени за физички напад врз нивната снаа, соопшти МВР.

Полициски службеници од СВР-Тетово синоќа околу 21 часот ги лишиле од слобода О.Б.(38), А.Б.(42) и 32-годишната Ф.Б., сите од Тетово, кои пред тоа во СВР-Тетово биле пријавени од нивната снаа, односно јатрва Т.Б.(35) од Тетово, дека околу 19.15 часот во дворот на нејзината семејна куќа физички ја нападнале.

Тие при нападот користеле и железен предмет, кој бил пронајден на самото место и одземен.

Лицата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по расчистување и документирање на случајот против нив ќе следи соодветна пријава, рекоа од СВР Тетово.

Претходна вестГолема трагедија ја потресе Македонија: Возач загина, излетал од пат со „мерцедес“
Следна вестЌе има „војна“: Вечерва на Канал 5 ќе се судрат Ковачевски и Мицкоски