Се судрија два автомобили

850

Се судрија два автомобили – има тешко повредени.

Уште една лоша сцена од патиштата во Македонија.

На 23.04.2026 во 23:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар -с.Градец, во с.Дебреше, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,опел“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Н.А.(20) од с.Врањовце и патничко возило ,,нисан“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Х.И.(32) од с.Добридол.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Х.И., констатирани во Ургентен центар Гостивар, додека со телесни повреди се здобил возачот од патничкото возило „опел“ и неговата сопатничка С.У., констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Претходна вестБројот на повредени работници се зголемува: Уште еден работник примен во Ургентниот центар во Скопје