Трипуновски фатен во лага – 67 винарии го демантираа: Грант добија сите наши членови со уредна документација без оглед на партиската припадност

227

По вчерашната прес конференција на дополнителниот заменик-министер за земјоделство Цветан Трипуновски на која тој обвини дека биле донесени програми спротивно на прописите за финансиско управување и контрола, веднаш реагираа од министерството од каде ги оценија како неточни и крајно погрешни тврдењата на дополнителниот заменик-министер дека надвор од законот се исплатени средства за финансиска поддршка на малите производители на храна и пијалаци.

„Вистината е дека овие програми се реализираат преку законот за извршување на буџетот, нешто што и во самата програма јасно е наведено. Вистина е дека малите производители на храна и малите винарници се успешна приказна по која како држава сме препознатливи во регионот. Останува прашањето што треба да го одговори дополнителниот заменик-министер дали е против поддршката кон малите производители на храна и пијалаци? Преку овие неточни обвинувања дополнителниот заменик-министер јасно праќа порака дека е против малите производители на храна, малите винарници, против жените земјоделки и младите земјоделци, кои се диреткни корисници на овие програми.”- стои во реакцијата од МЗШВ.

Со овој обид да биде забележан во јавноста, вмровскиот претставник во техничката Влада, кон себе го собра гневот на 67 мали семејни винарии, кои исто така реагираа на како што велат, изнесените невистини од страна на техничкиот министер за земјоделие Цветан Трипуновски во врска со доделените грантови на малите семејни винарии од страна на МЗШВ.

“Ние како единствено здружение кое ги поврзува сите мали винарии од Македонија имаме морална обврска да ја кажеме вистината. Грантот во 2022 и и 2023 беше јавно објавен на страната на МЗШВ и сите што аплицираа и ги исполнуваа условите добија грант, без оглед на партиската припадност, спротивно од тврдењата на г-динот Трипуновски дека добиле само блиски на актуелниот министер Николовски. Грант добија и Советник во општина Кавадарци од Вмро Дпмне, кандидат за градоначалник на општина Росоман од ВМРО Дпмне, раководител во подрачна единица на МЗШВ Кавадарци во време на ВМРО Дпмне и сите други наши членови на здружението кои имаа уредна документација. Само една мала винарија беше одбиена, Агро Стратус, затоа што член на комисијата во МЗШВ е во роднинска врска со сопственикот на винаријата, спротивно на тврдењата на техничкиот министер Трипуновски.” – потенцираа од здружението на македонските семејни винарии.

Тие појаснуваат дека овој успешен проект кој прераснува во убава приказна за една семејна традиција на производство на вино да прерасне во фамилјарен бизнис, ги натера сите ентузијасти и љубители на вино да отвараат свои винарии и со тоа да ја стават Македонија на туристичката винска мапа на светот. Го покануваат техничкиот министер Цветан Трипуновски да ги посети сите мали винарии, како што ја посети пред некој ден нивната членка Друм – винарија и да ја види вистинската слика на овој успешен проект.

Македонски семејни винарии – 67 винарии – членови од цела Македонија.

претходниот член,СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС во Турција – жителите во паника
Следната статијаШлеп служба „Свирка“ ви нуди транспорт во и надвор од Македонија – по супер цени