ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатиот македонски бизнисмен

Беше долгогодишен туристички работник и еден од пионерите на македонската туристичка дејност, познат и како сопственик на туристичката агенција „Игуана“.

Од „Игуана“ со емотивна порака се простија од својот основач и долгогодишен лидер.

„Го загубивме кормиларот, но не и компасот! Ти благодариме за идејата, за трудот, за сите години поминати заедно.

Среќни сме што бевме и сè уште сме твои ученици. Ќе ни недостасува таткото на Игуана“, објавија од агенцијата.

Со порака на сочувство се огласи и Националната асоцијација на туристички агенции, од каде што истакнаа дека Чоневски бил долгогодишен и почитуван колега, чиј придонес во туристичката дејност ќе остане запаметен.

Од Чоневски се простуваат и бројни пријатели, колеги и познаници, кои го опишуваат како препознатлива скопска личност и човек кој оставил свој печат во македонскиот туризам.

Претходна вестЗемјотрес стресе делови од Македонија – еве каде е епицентарот