Без двоумење, Горан влегол во морето за да му помогне на човекот во неволја. По него во водата влегол и неговиот малолетен син.
Според неофицијалните информации, по ненадејното влегување во студената вода и големиот физички напор, Комазец доживеал срцев удар. Спасувачките екипи брзо интервенирале, го извлекле од морето и веднаш започнале со реанимација.
Потоа бил пренесен во најблиската болница, каде лекарите се обиделе да му го спасат животот, но и покрај сите напори, не успеале.
Педесет и шестгодишниот Горан Комазец е човекот кој трагично го загуби животот во Сарти, на Халкидики. Според српските медиуми, неговите последни моменти биле обележани со несебичен обид да спаси друг човек од сигурна смрт.
Трагедијата се случила додека Комазец бил на плажа со сопругата и малолетниот син. Во еден момент се слушнале повици за помош, откако силните морски струи почнале да влечат непознат капач кон отвореното море.
Неговата трагична смрт предизвика бројни реакции во Србија, каде многумина го нарекуваат херој кој го жртвувал сопствениот живот обидувајќи се да спаси друг човек.




