Тажна вест ја потресе Македонија: Почина Томче Мишов

8437

Тажна вест брзо се прошири и ја потресе Македонија: Почина Томче Мишов

Вчера во Охрид, на 52-годишна возраст почина познатиот охридски моторџија Томче Мишов, објави Охрид прес.

Охриѓани ќе го паметат по неговиот ведар дух, насмевката и подготвеноста секогаш им да помогне на сите, но и неговата љубов кон автомобилите и моторите.

Долги години работеше и во неговиот автосервис, каде секогаш имаше време и корисен и искрен совет за сите.

Погребот на Мишов е закажан за утре, 14 април 2026 година, на Градските гробишта во Охрид, од 12:00 до 12:30 часот.

Претходна вестМаѓар со јасна порака за иднината на Груевски во Унгарија
Следна вестГолема трагедија: 24-годишна жена со кола удри во две малолетнички кои управувале тротинет – за жал има жртви