Маѓар со јасна порака за иднината на Груевски во Унгарија

10730

Унгарскиот политичар Петер Маѓар упати остри критики кон одлуката на владата предводена од Виктор Орбан да им додели азил на полските политичари Збигњев Жиобро и Марцин Романовски, кои се соочуваат со обвиненија за злоупотреба на службената положба.

Маѓар потсети и на случајот со Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, оценувајќи дека ваквите одлуки испраќаат погрешна порака.

Тој нагласи дека Унгарија не треба да биде засолниште за лица кои се соочуваат со сериозни обвиненија и повика на почитување на европските принципи на соработка, особено кога станува збор за екстрадиција на осомничени.

Во својата изјава, Маѓар посочи дека доколку споменатите политичари немаат што да кријат, треба да се вратат во својата земја и да се соочат со правосудниот систем.

Тој додаде дека, доколку е можно, ќе се преземат чекори за нивна екстрадиција во Полска и Македонија во согласност со европските механизми за правна соработка.

Претходна вестПовторно голем скок на цената на нафтата
Следна вестТажна вест ја потресе Македонија: Почина Томче Мишов