Семејство од Битола бара помош: Маж исчезнат од 21 август, последен пат се јавил од Штип

Семејство од Битола бара помош во потрагата по маж кој од 21 август не се вратил дома, а последен пат се јавил од Штип, каде, според неговата сопруга, бил со повредена и имобилизирана нога.

Сопругата раскажува дека тој на 21 август, околу 19:05 часот, излегол од домот без телефон и без пари. Бидејќи, како што вели, никогаш претходно не заминувал без да каже каде оди и секогаш се враќал дома, семејството почнало да стравува дека нешто му се случило.

„Во неделата вечерта се јави од телефон на друг човек и кажа дека е во Штип, дека ногата му е шината и дека му е потребна помош за да се врати во Битола“, наведува сопругата.

Следното утро повторно се јавил и побарал таа да дојде по него, но поради финансиски и семејни причини, како и поради тоа што се грижи за две мали деца, не успеала да отпатува.

Од вторникот, според нејзините зборови, семејството повеќе нема никаков контакт со него. Случајот е пријавен во полиција, а неговата точна локација во моментов не е позната.

„Очајно го бараме само да се јави, за да му организираме превоз и да се врати дома. Двете мали деца го чекаат“, апелира сопругата.

Семејството ги повикува сите кои евентуално го забележале во Штип, околината или во друг град да ја известат полицијата или да помогнат да воспостави контакт со семејството.

„Ако некој го види во Штип или околината или некое друго место/село/град нека пријави во полиција или нека се јави на мојот телефон 078550521 и нека му даде да се јави од телефон да му организираме некако превоз за Битола.“, заклучува таа во апелот објавен на социјалните мрежи.

Извор: Скопје инфо

Претходна вестГо ставив овој предмет под креветот, животот ми тргна на подобро за неколку месеци