Светот се разбуди со нова лоша вест: Силна експлозија ја стресе американската амбасада во Осло

4619

Силна експлозија денеска одекна пред зградата на амбасадата на САД во главниот град на Норвешка, Осло, предизвикувајќи помала материјална штета, но без жртви и повредени, соопшти норвешката полиција.

Експлозијата се случила во комплексот на американската дипломатска мисија во западниот дел на Осло околу 1:00 часот по локално време.

– Можеме да потврдиме дека ударниот бран од експлозијата беше во американската амбасада – изјави портпаролот на полицијата Микаел Делмер за норвешката јавна телевизија Ен-Ер-Ко (NRK), додавајќи дека експлозијата го оштетила влезот на конзуларниот оддел.

Штетите се опишани како незначителни, а полицијата одби да го коментира видот на експлозивната направа додека истрагата е во почетна фаза.

Претходна вестАпсење на Граничен премин Табановце – МВР со детали
Следна вестСамо што се навикнавме на сонце – следува дожд, еве каде