Само што се навикнавме на сонце – следува дожд, еве каде

2153

Денеска времето ќе биде претежно облачно и тивко, а попладне и во текот на ноќта ќе има услови за слаби врнежи од дожд.

Минималната температура ќе се движи од -1 до 4 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 12 и 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со краткотрајни сончеви периоди и услови за слаб локален дожд.

Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд. Од вторник се очекува период на постабилно време, со можност за појава на утринска магла по котлините

Претходна вестСветот се разбуди со нова лоша вест: Силна експлозија ја стресе американската амбасада во Осло
Следна вестТокму на празникот 8-ми март: Силен земјотрес во Западна Македонија