Сопартиец на Палчо од партијата Десна откри: Во штабот имаше пиштол

391

Членот на партијата Десна, Ѓорѓи Џолев, го донирал возилото „рено кангу“ што го возел обвинетиот Љупчо Палевски при грабнувањето.

Тој кажа дека во штабот на партијата во Кисела Вода, каде што спиел Палчо, имал видено пиштол во футрола, за кој претпоставува дека бил на Палчо.

Потоа штабот се преселил кај „Веро џамбо“ и бидејќи возилото не му требало, го дал на користење на партијата за некој да го одржува.

Сведочеше дека другите обвинети, Велибор Манев и Влатко Кешишев имале поданички однос кон Палчо.

Џолев бил претседател на Централниот комитет на Десна и некогаш плаќал сметки, кирија, купувал дел од опремата.

Со Палчо се запознал преку негов пријател откако ги гледал неговите постапки.

За убиството на Вања дознал преку медиуми, а бил повикан и на распит за возилото.

Со Палчо не комуницирал после тоа. Со него се видел еден ден по грабнувањето на Вања, имале секојдневна комуникација, но комуницирале за партијата на Телеграм.

Претходна вестТаткото Александар ми рече да му пишам порака на Илон Маск да ја најде Вања преку сателит, сведочеше братучетка на мајката Зорица
Следна вестАдвокатот што го возел Палчо во Белград: Имаше долгови и извршители му земаа пари, му позајмив 20.000 евра