Што бара 76-годишник зад волан на камион?, Јованоски со вирална реакција по трагедијата на скопската обиколница

1811

„Што бара 76-годишник зад волан на камион?“: Јованоски со вирална реакција по трагедијата на скопската обиколница.

Младиот писател и активист Мартин Јованоски со жестока реакција се огласи по трагичната сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која загинаа четири лица. Во својот статус тој стави акцент на фактот дека камионот со приколка и косовски регистарски ознаки го управувал 76-годишен човек. Според Јованоски, станува збор за лице кое, како што напиша, „нема ниту свесност, ниту агилност, ниту спремност да вози таков габарит и да учествува во сообраќај“.

„4 мртви, пеплосани од пожарот после страотниот удар. Еден сеуште неидентификуван, две деца по 20 години. А возачот врвен уметник, оперски солист, првенец на Македонска опера и балет. Сите златни, полни живот, невини. А тој другиот преживеал“, напиша Јованоски.

На крајот од објавата, тој револтирано праша: „И што има тука логично?!“ и додаде: „Ебате животот.“

Претходна вестНа болката и нема крај: Познат идентитетот и на 4-та жртва во страотната несреќа
Следна вестИ братот на загинатиот баритон Ристе Велков е познат музичар, беше член на „Суперхикс“