И братот на загинатиот баритон Ристе Велков е познат музичар, беше член на „Суперхикс“

2194

Братот на трагично загинатиот баритон Ристе Велков, Коста Велков, е исто така познат музичар и поранешен саксофонист на бендот „Суперхикс“.

Иако не е активен на социјалните мрежи, неговото име се споменува во повеќе интервјуа на Петар Младеновски-Пеце, фронтменот на групата. Коста Велков учествувал во снимањето на некои од првите поголеми хитови на „Суперхикс“, меѓу кои „Глупави песни“, како и во видеоспотовите за „Раде“ и други проекти на бендот.

При одбележувањето на 30-годишнината од постоењето на „Суперхикс“ во 2024 година, одржано со голем концерт во Кисела Вода, Пеце Младеновски ги спомена и поранешните членови, меѓу кои и Коста Велков, истакнувајќи ја нивната улога во развојот на бендот.

Во таа прилика беа наведени сите поранешни и сегашни членови на групата, при што Младеновски изрази благодарност до сите што биле дел од историјата на бендот.

Пеце Младеновски се огласи и на социјалните мрежи со порака за сочувство, изразувајќи тага за загубата на својот пријател Коста и упатувајќи сочувство до семејството.

Во трагичната сообраќајна несреќа на скопската обиколница, животот го загубија баритонот на Националната опера и балет Ристе Велков и неговиот 20-годишен син Адам, кои се меѓу четирите жртви.

Ристе Велков беше еден од водечките македонски баритони, познат по својата исклучителна вокална изведба и епитетот „италијански баритон со кадифена боја“.

Коста Велков во спотот за песната „Раде“
Претходна вестШто бара 76-годишник зад волан на камион?, Јованоски со вирална реакција по трагедијата на скопската обиколница
Следна вестПочина светскиот и европски шампион Бошко Стаменковски