Седми ден како ја нема Лидија, нејзиниот брат Аце објави: Бараме помош и од Србија

4540

Седми ден се трага по исчезнатата Лидија Трајковска од скопско Јурумлери. Последен пат била забележана на камери во 5 часот наутро во петокот на автобуска постојка во село Јурумлери.

Веста дека ја нема Лидија прва ја сподели нејзината ќерка на социјалните мрежи. Објавата брзо достигна голем број споделувања, со цел побрзо да се пронајде исчезнатата личност.

Пред два дена, за медиумите изјава даде и сопругот Стево Трајковски.

„Душо моја, срце мое, кај и да си дај ми еден позитивен сигнал дека си жива. Прати ни нешто, барем некој сигнал, прати ни абер. Ти не би направила ништо за да не уништи нас. Нашите ќерки, јас, те очекуваме. Дај ни барем еден сигнал – јави се од некаде. Нашата надеж уште постои. Ти си жива и ќе бидеш жива, ние ќе го продолжиме животот јави се каде и да си душо моја“, вели Свето Трајковски, сопруг на исчезнатата Лидија Трајковска.

Братот на Лидија, Александар Јоциќ исто така од самиот почеток ја бара својата сестра. Тој соопшти дека се бара помош и од Србија.

-Бараме помош и од МУП Србија, бидејќи од нашиве нема среќа,- напиша кратко тој и објави порака од барањето пратено до српските институции.

Претходна вестКРИЗА Е: Таксистите во Скопје бараат поскапување на такси-услугите
Следна вестПо експлозија на бомба, повреден е Раде Штекли