КРИЗА Е: Таксистите во Скопје бараат поскапување на такси-услугите

320

Таксистите во Скопје бараат зголемување на цените на такси-услугите, објави телевизија Телма.

Според нив, стартот треба да изнесува 60 денари, а за секој изминат километар треба да се наплаќа по 35 денари. За чекање во место тарифата, според нив, треба да изнесува 480 денари за час.

Тие истакнуваат дека сегашниот ценовник не се менувал 11 години, што веќе не е одржливо поради зголемените трошоци за гориво, резервни делови и одржување на возилата. Додаваат и дека покачувањето е неопходно за да можат да го покријат растечкото оптоварување и да продолжат да работат во услови на инфлација.

Доколку предложените промени бидат прифатени, цените на такси-услугите во Скопје ќе пораснат за околу 20 отсто.

Претходна вестЗгрозени сме, уплашени и вознемирени од одлуката на Судот – двојниот убиец да го пушти од притвор, фамилијата во шок
Следна вестСедми ден како ја нема Лидија, нејзиниот брат Аце објави: Бараме помош и од Србија