Израел започна, како што ја нарече, „превентивна воена операција“ против Иран, соопшти израелскиот министер за одбрана Израел Кац.
Според него, целта на акцијата е „елиминирање на непосредните закани“ по безбедноста на Израел, по што во земјата е прогласена посебна и постојана вонредна состојба.
Иранските медиуми јавуваат дека во централниот дел на Техеран се слушнале најмалку три силни експлозии.
Агенцијата „Фарс“ објави дека повеќе проектили погодиле делови од главниот град, што укажува дека нападите веќе се во тек.
Во меѓувреме, во повеќе израелски градови се огласија сирени за воздушна опасност, а властите ги повикаа граѓаните строго да ги почитуваат упатствата на Командата за домашен фронт и да останат во засолништа.
Израелските безбедносни служби проценуваат дека во краток рок е можен одмазднички напад од страна на Иран, кој би можел да вклучува дронови и балистички ракети.
Ситуацијата брзо ескалира, додека меѓународната заедница внимателно го следи развојот на настаните поради стравувања од поширок регионален конфликт на Блискиот Исток.




