Се огласи за помилувањата: Личностите се навистина интересни во негативна смисла, сега го гледам тоа, рече Давкова за ТВ21

1792

По свечената академија „Завет што обврзува”, претседателката Гордана Сиљановска Давкова во ексклузивна изјава за ТВ21 за помилувањата рече „личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот тоа е факт сега гледам јас“.

-Околу помилувањата прво јас кога ја конституирав комисијата за помилување која е составена од врвни експерти во оваа област и познавачи реков дека ќе ја почитувам нивната работа. Мислам дека кога се даваат коментари се заборава на што. Значи вие делото го анализирате така? Пред се делото. Кога се работи јас веќе и имињата не ги знам да бидам искрена меѓутоа кога јас ги потпишав овие одлуки по што се водев? Се водев од тоа дека во првиот случај не го знам ни името како беше да бидам искрена делото е, пресудата е 1 година и 3 месеци и делото се однесува на поседување неовластено поседување на оружје и на 5 куршуми. Тоа е делото. Веројатно тие се воделе по ова. Да личноста знам која е таа личност но лично јас зборувам за работата на комисијата. Кај вториот случај се работи за дело кое е врзано со насилство или на некоја наплатна станица некоја тепачка и казната е 6 месеци. Веројатно тие се воделе од ова заменувајќи ги обете кај првата е година и три месеци значи кога ги замениле овие казни со условна од три години, да личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот тоа е факт сега гледам јас тоа, но јас велам дека тие се воделе од конкретните дела. Претпоставувам дека има начин значи да се санкционира бидејќи да било делото членство во злосторнички здруженија и јас не знам какви опасни веројатно поинаку би било. Значи јас почитувам знаење, јас потпишувам одлуки меѓутоа јас велам дека никогаш директно нема да се мешам во работата на комисијата, точно е дека го имам последниот збор но мора да се има ова во предвид, изјави Давкова.

Вчера претседателката донесе одлука за помилување на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки Версаче, Акиф Рваманоски, член на наркокланот „Барон“, и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“

претходниот член,По возови, сега Србија ќе ни изнајмува и автобуси за градски превоз, пред се за Скопје
Следната статијаТерористички бомбашки напад во Турција, има жртви