Токму на празникот 8-ми март: Силен земјотрес во Западна Македонија

9502

Токму на празникот 8-ми март: Силен земјотрес во Западна Македонија

Земјотрес со епицентар во Грција рано утринава бил почувствуван во неколку градови во западниот и југозападниот дел на Македонија.

Потресот се случил во 4 часот и 32 минути, а бил регистриран во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и Струга.

Според информациите, епицентарот се наоѓал на околу 200 километри јужно од Скопје, а јачината на земјотресот изнесувала 5.5 степени според Рихтеровата скала.

Од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет – Скопје информираа дека, според досегашните податоци, интензитетот на потресот што бил почувствуван во земјава изнесувал три степени според Европската макросеизмичка скала.

Претходна вестСамо што се навикнавме на сонце – следува дожд, еве каде
Следна вестМногу пари и среќа за овие хороскопски знаци – Неделен хороскоп од 9-ти до 16-ти март