Приведен скопјанец кој уценувал девојка – ова се деталите

106

Полициски службеници во координација со ОЈО Скопје вчера во населба Ченто го привеле А.О. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ.

МВР соопшти дека 20-годишна девојка вчера во СВР Скопје пријавила дека А.О. побарал од неа 300 евра за да не објави фотографии и видеа со компромитирачки материјал.

На 14.06.2024 таа веќе му дала 150 евра, но уценувањето не престанало и таа го пријавила случајот во СВР Скопје. Од страна на полициски службеници и биле дадени од крим технички обработени пари и откако А.О. ги земал, бил лишен од слобода.

Од него е одземен и телефонски апарат со кој го извршил кривичното дело и поднесена е кривична пријава по брза постапка.

претходниот член,ОБНОВЕНО: Лифтот во кој се заглави екипа на Брзата помош паднал од приземје во подрумот, пациент немало внатре
Следната статијаПолицијата во потрага: Исчезнати тројца Непалци кои работеле во скопска фирма