ОБНОВЕНО: Лифтот во кој се заглави екипа на Брзата помош паднал од приземје во подрумот, пациент немало внатре

394

Лифтот во кој се заглави екипа на Брзата помош, паднал од приземје во подрумот, соопшти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

„Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа на итната медицинска помош, најмалку 4 лица биле во лифтот во моментот на падот. Пациент немало, екипата била на констатација на смрт“ вели Ангелов.

Според информациите, инцидентот се случил во зграда на улицата Христо Тататрчев во населбата Кисела Вода. Во тек е акција за извлекување на лицата од лифтот.

претходниот член,Затвореник од Идризово починал од повреди од друг затвореник
Следната статијаПриведен скопјанец кој уценувал девојка – ова се деталите