Познатиот метео прогнозер со најнова вест: Доаѓа атмосферски фронт со врнежи од снег

32

Во деновите втроник и среда 21/22 април 2026 поради спуштање на ладен атмосферски фронт од север кон Македонија, ни следува нагла и голема промена на времето кај нас која ќе донесе врнежи, северен ветер, планински снег и голем пад на температурите и тоа за околу па и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имаме сега.

Под влијание на ладен атмосферски фронт од север кој ќе услови формирање на влажни воздушни бранови над нашиот дел од Европскиот Континент, во деновите вторник и среда (21/22 април 2026) во Македонија времето ќе биде облачно и многу посвежо со повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни а ќе има услови и за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Ќе дува умерен а повремено и засилен ветер од северен правец.

Поради заладувањето, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег со што ќе се формира и снежна покривка.

И во Скопје и околината со овој бран на врнежи и заладување ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни и поројни а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен а повремено засилен ветер од северен правец.

Претходна вестЦрн џип прегази жена на пешачки премин