Пожарот кај Никуштак активен, во гаснењето вклучени два „ер трактора“, објавија од ЦУК

Центарот за управување со кризи информира дека пожарот во атарот на селото Никуштак во општина Липково сеуште е активен и се шири кон Орланци, Скопска Црна Гора, како и кон селото Матејче и манастирот Пресвета Богородица.

Покрај екипи од подружницата на „Национални шуми“ од Куманово, во гаснењето од 10 часот се вклучени и два „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

Претходна вестВладата ги забрани социјалните мрежи во Непал, во тек се големи протести – најмалку 19 загинати
Следна вестВремето денес сончево и топло, максималната температура до 34 степени, минималната 8