Потрес во источна Македонија – регистриран земјотрес ноќва

10352

Потрес во источна Македонија – регистриран земјотрес ноќва

Според податоците на Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет, ноќва во 00:22 часот е регистриран земјотрес со епицентар во подрачјето Делчево – Берово, околу 120 километри југоисточно од Скопје.

Земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда од 3.1 степени.

Според досегашните информации, потресот бил почувствуван од жителите на Пехчево, Берово и околните населени места, со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Претходна вестТрагедија пред Велигден во фирма во Скопје: Едно лице пронајдено починато во лифт
Следна вестЛетале боксови меѓу двајца колеги во Скопје