Полицајка нападната од вработен во ТАВ на скопскиот аеродром

115

Нов напад на полициски службеник на скопскиот аеродром. После скандалот со обезбедувањето на Африм Гаши, сега е нападната полицајцка од врботен во ТАВ Македонија на висока позиција, реагираат од македонскиот полициски синдикат. Инцидентот се случил вчера, на 2-ри септември.

„Повторно се случи напад врз полициски службеник односно вработен во ТАВ кој е на висока позиција, вербално навредувал и омаловажувал полициска службеничка на работна позиција раководител на смена при извршување на работни задачи“, истакнуваат од македонскиот полициски синдикат од каде најостро го осудуваат нападот.

„Македонскиот полициски синдикат НАЈОСТРО го осудува овој вербален напад и дава целосна подршка на колешката во понатамошната постапка со цел расветлување на случајот. Цврсто сме решени да го интензивираме овој процес што бара постојана опсервација и ангажман , но исто така сме сигурни дека само така ќе овозможиме натамошно унапредување на позицијата на полицискиот службеник во делот на неговата лична безбедност и заштита на неговото здравје“, стои во објавата.

претходниот член,ФОТО на ТВ21: Се запали автобус на ЈСП во Чаир
Следната статијаТри нови имиња кај Фарски Острови, отпадна клучен играч