ФОТО на ТВ21: Се запали автобус на ЈСП во Чаир

Нов инцидент со автобус на ЈСП низ улиците на Скопје. Вечерва се запалил автобусот со број 9 на улицата „Џон Кенеди“ во скопски Чаир, јавува репортерот на ТВ21.

Од фотографиите се гледа како од автобусот излегува чад од моторот. Станува збор за двокатните автобуси „Јутонг“.

Според информациите, сите патници безбедно го напуштиле автобусот, веднаш откако бил забележан дим.

Претходна вестБоцевски специјален претставник при унгарското претседателство со ЕУ, Пејковски директор на КИЦ на РСМ во Софија
Следна вестПолицајка нападната од вработен во ТАВ на скопскиот аеродром