Три нови имиња кај Фарски Острови, отпадна клучен играч

229

Фудбалерот од средниот ред на Фарски Острови, Брандур Хендриксон, отпадна од дуелот со Македонија поради повреда. Хендриксон кој одигра 53 натпревари за „фараните“, веќе го напуштил тренинг кампот на својата селекција. Беше еден од најдобрите фудбалери на Фарски, и играч на норвешки Фредерикштад.

Затоа за дуелот со Македонија конкурираат тројца нови играчи. Станува збор за Сони Натештад, Патрик Јоханесен и Паетур Петерсен, кои добија дополнителни повици.

Дуелот Фарски Острови – Македонија се игра во сабота со почеток во 15:00 часот. Експедицијата на пат кон Торшавн заминува во четврток на пладне.

Претходна вестПолицајка нападната од вработен во ТАВ на скопскиот аеродром
Следна вестДенес ќе се знаат многу работи: Започнува судењето за Вања и Панче