Петар Грашо со став за детето на Северина: ОВА мора да го направите

200

Погледнете го видеото за кое зборува цел Балкан:

Врховниот суд во Хрватска неодамна на пејачка Северина Вучковиќ ѝ го одзема старателството над нејзиниот син Александар. Според донесената одлука, целосното старателство сега му припаѓа на таткото Милан Поповиќ.

Со денови не стивнуваат бурните реакции во одбрана на хрватската пејачка. Бројни колеги преку социјалните мрежи ја искажаа силната поддршка за Северина, а сега за оваа неправда во интревју за „Телеграф“ се огласи и хрватскиот пејач Петар Грашо.

„Искрено ми е жал. Соувствувам со неа. Мислам дека моќта на јавноста што се издигна, која всушност има здрав разум и срце, кажува сè што здравиот разум им диктира на луѓето. Се надеваме и на правда. А има еден далматински израз кој вели: „Дајте го детето на мајката““, вели Грашо за „Телеграф“.

Тој откри и дали, можеби, се слушнал со Северина.

„Се допишував со нејзиниот менаџер. Пред два-три дена беше на Јахорина. Четири месеци не се слушаме, па се слушаме трипати во три дена. Ние сме поврзани со нешто повеќе од тоа формално пријателство. Се знаеме 20 години и сме блиски“, изјави пејачот.

Погледнете го видеото за кое зборува цел Балкан:

претходниот член,Ахмети пееше од дното на душата: Познато е кои се луѓето околу него и за што пеат
Следната статијаЗаврши денешното рочиште: Родителите на убиецот Коста Кецмановиќ се изјаснија – кажаа дали се чувствуваат виновни или не