Пендаровски прв, заврши ждрепката во ДИК: Еве и официјално како ќе бидат подредени другите кандидати

Актуелниот претседател Стево Пендаровски ќе биде прв кандидат на гласачкото ливче за претстојните претседателски избори откако Државната изборна комисија денеска ги констатираше редните броеви на претседателските кандидати на изборното ливче за првиот круг на 24 април.

Извлекувањето беше јавно, а го спроведоа претставници на кандидатите.

Втора ќе биде кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, трет на ливчето ќе се најде Стевчо Јакимовски од ГРОМ, на позиција број четири е Бујар Османи кандидат на ДУИ, кандидатката на Левица, Билјана Ванковска Цветковска е на реден број пет, Арбен Таравари од Алијанса и Европскиот сојуз за промени е шести, додека градоначалникот на Куманово и кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски е последен на гласачкото ливче.

Претходна вестБојмацалиев: Истите ресурси кои Спасовски ги создал ги користиме и денеска
Следна вест12 повредени меѓу кои три деца – тешка сообраќајна несреќа пред неколку моменти ја потресе Македонија