Ќерката на Гоце, Сашенка откри детали за погребот на легендата

Ќерката на легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, преку објава на социјалните мрежи ги сподели деталите за последното испраќање на својот татко.

Во емотивната порака таа напиша дека Тодоровски заминал достоинствено, оставајќи зад себе големо актерско наследство и неизмерна празнина кај најблиските.

„Беспрекорен до последниот здив, како што само ти умееше. Замина во легендите, а мене ми остави да ја носам тежината на оваа празнина што гори“, напиша Сашенка.

Таа информираше дека денеска семејството, пријателите, колегите и почитувачите ќе му го упатат последното збогум на актерот.

„Денеска во Бутел ќе го даваме последното збогум: капела во 13:00 и погреб во 14:00 часот. Нека ти е светол небесниот пат, татко мој, таму каде што болката повеќе не постои“, стои во нејзината објава.

Гоце Тодоровски беше еден од најпрепознатливите македонски актери, кој со своите бројни улоги во театарот, телевизијата и филмот остави неизбришлива трага во македонската култура.

Претходна вестГрадоначалникот на Бутел соопшти среќна вест: Тројката пристигна – двајца внуци и една внука
Следна вестУапсен е Македонецот за кој зборуваше цел Балкан