Паника во Москва: Пукотници, пожар и експлозија во сала полна со гледачи, има загинати (ВИДЕО)

293

Во концертната сала Крокус Сити Хол во близина на Москва имало пукање, а се слушнала и експлозија, јавија денеска руските агенции, повикувајќи се на итната помош.

Според новинската агенција РИА, најмалку три лица отвориле оган, а неколку луѓе се ранети, пренесува Гардијан.

Новинската агенција ТАСС јави експлозија и пожар во зградата во која се случила престрелката.

„Непознати лица отвориле оган од автоматско оружје во градската сала Крокус. Во тек е евакуација на луѓето“, јави службата за итни случаи за државната агенција ТАСС.

Како што јави Франс прес, агенцијата Риа Новости објавила „ранети“ по „пукање од автоматско оружје“, цитирајќи го својот известувач на местото на настанот.

Според се уште непотврдени информации, во нападот имало и загинати лица.

Претходна вест(ВИДЕО) Светот е во шок: Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон боледува од рак – самата објави видео
Следна вестПрви дознаваме: Ова се носителите на изборните листи на СДСМ за парламентарните избори